Поранешниот Градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски, на Фејсбук потсети на еден уникатен проект. Напишаното ви го пренесуваме во целост:
“Во 2014 година во Општина Аеродром воведовме бесплатна училишна облека за сите ученици, по примерот на училиштата во европските метрополи. Со овој уникатен проект во нашата држава, успеавме да создадеме чувство на еднаквост меѓу децата, без поделби и разлики меѓу нив во начинот на облекување. Од друга страна пак со тоа значително им се намалија трошоците на родителите. Исто така, секој понеделник воведовме интонирање на националната химна и подигање на македонското знаме во основните училишта пред почетокот на наставата, со цел кај учениците да се развие припадност кон сопствената земја, како и да се влее чувство на почит кон државните симболи. #AerodromTimeless! #MacedoniaTimeless! ” – напиша Коневски на Фејсбук.

