spot_img
26.8 C
Skopje
петок, август 20, 2021
spot_img

Германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа денеска во Москва, но имаше мала „незгода“ на почетокот на состанокот (ВИДЕО)

Германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа денеска во Москва, но имаше мала „незгода“ на почетокот на состанокот.

Имено, телефонот на Меркел почна да ѕвони на почетокот на разговорот.

Како што објави РТ на Твитер, додека Путин зборувал нешто почнало да ѕвони, по што Меркел ја ставила раката во џебот, го извадила телефонот и го исклучила.

Ангела Меркел е во официјална посета на Русија, која странските медиуми ја нарекоа „збогум“, бидејќи канцеларката нема да учествува на следните избори.

Путин и подари на Меркел букет цвеќе пред средбата

Парламентарните избори во Германија ќе се одржат на 26 септември, а Меркел претходно најави дека ќе се повлече од политиката.

Односите меѓу двајцата лидери, кои траеја 15 години, секогаш беа заладени, но тие никогаш не се „раскинаа“.

Бидејќи важат за стабилни лидери на држави кои уживаат голема почит во светот и честите судири на нивните политички стилови и очигледна недоверба, ги направи нивните состаноци многу интересни за светската јавност.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести