Наводно, Ники Минаж (38) и сопругот Кенет Пети (43) веќе извесно време ја малтретираат и заплашуваат наводната жртва на силување на Пети. Сексуалниот престап се случил во 1994 година, кога и Кенет и жртвата имале 16 години.
Џенифер Хоф (43), жртвата на Кенет сега ја тужи двојката за малтретирање и заплашување, и тврди дека парот и понудил до половина милион долари за да се откаже од тужбата.

Жртвата и напаѓачот тогаш се сретнале на пат кон училиште, кога и се заканил со нож и ја однел во блиската куќа, каде што се случило злосторството.Кенет е обвинет и помина три и пол години во затвор, а сега тој и Ники наводно ја заплашуваат жената да ја смени изјавата.
Џенифер тврди дека го одбила митото што и ги понудиле и дека била ужасната од нивните постапки.
Таа вели дека ќе ја чува во тајност нејзината локација за да не можат да ја вознемируваат и понатаму.
Ники се омажи за Кенет во 2019 година, а двојката има син кој се уште не наполнил една година.
Фановите на Ники се згрозени од нејзиниот избор на сопруг, па честопати и коментираат на Инстаграм за да го остави:
„Еднаш силувач, секогаш силувач“, и рекоа.
