6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

290 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (16.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 290 возачи. Од нив, 18 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 152 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 128 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести