12.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

СТРАШНО: БОБ ДИЛАН ОБВИНЕТ ЗА СИЛУВАЊЕ НА 12 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ

Минатиот петок беше поднесено обвинение против пејачот Боб Дилан (81), пренесува Page Six.

Во обвинението се наведува дека Дилан во 1965 година сексуално го злоупотребувал тогаш 12-годишното девојче кое било идентификувано само како Џ.Ц., во хотелот Челзи.

Џ.Ц. наведува дека во период од 6 недели во април и мај 1965 година, пејачот ја искористил својата слава за да се спријатели со неа пред да ја злоупотреби, што било „придружено со алкохол, дрога и закани за физичка злоупотреба“. Обвинението тврди дека ова искуство ја оставило „емотивно повредена и психолошки оштетена до денес“.

Џ.Ц. вели дека поради се што доживеала, морала да побара медицинска помош и дека последиците биле „непостојани и долготрајни и ја спречиле да присуствува на вообичаените активности“. Беше наведено дека таа, меѓу другото, мора да се справи и со депресија, срам и вознемиреност.

Во обвинението, поднесено до Врховниот суд на Менхетен, се наведува и дека Дилан тогаш ја држел против нејзината волја. Не е познато колкав надомест бара тужителката.

Портпаролот на Дилан за  USA Today рече дека „56-годишното тврдење е невистинито и музичарот енергично ќе се брани“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести