Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на изјавата на Петре Шилегов
Ниту една шминка нема да го покрие неработењето на Шилегов.
Со фалбите за изградбата на двонасочна велосипедска патека на булеварот „Александар Македонски“ во општината Гази Баба која е во тек не може да ја затскрие неспособноста на Шилегов.
Додека пукаат скапо платените плочки на кеј, додека Скопје гори, таткото на Град Скопје, Петре Шилегов се сончаше на плажите во Хрватска.
Петре Шилегов единствено ќе биде запаметен кај скопјани по преспаниот мандат во кој ништо не сработи од ветеното.
Паразитот Шилегов е должен на скопјани да им каже каде се 12,5 милиони евра кои ги доби со продажбата на зградата на Град Скопје? Дали тие пари се веќе потрошени и за што се потрошија, бидејќи ниту има зграда на Град Скопје, ниту има нешто изградено?
Паразитот Шилегов треба да одговори на скопјани до каде е ветениот тунел под Кале, каде се мостовите, зиплајнот и десетици други проекти со кои ја бараше довербата од граѓаните на Скопје во локалните избори?
Граѓаните на 17-ти октомври ќе му стават крај на паразитот Петре Шилегов.
