На 16.08.2021 околу 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, поради претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.И.(29), С.И.(56) и Б.И.(34), од една страна и Т.Ј.(38) од друга страна , сите од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
