2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Ивица Коневски: Пред точно 7 години Општина Аеродром го доби во сопственост најубавиот спортски комплекс во Македонија

Пред точно 7 години, како резултат на силните напори, пред сè за учество на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром во АБА1 лигата, преку јавно приватно партнерство со тогашниот сопственик на ЖРК Вардар, господинот Сергеј Самсоненко, Општина Аеродром го доби во сопственост најубавиот спортски комплекс во Македонија, па и пошироко во регионот. Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром од тој миг почнаа да тренираат и да се натпреваруваат во најдобри и најсовремени услови. Се отвори фан шоп, како и модерен канцелариски простор за административниот дел, со голема сала за прес-конференции. Кошаркарскиот клуб доби платени струја, вода, парно, како и две сали и теретана на користење, без каков било надомест во наредните 35 години. По истекување на концесијата, целиот спортски комплекс, како и хотелот, спа-центарот, салата за вежбање и тениските терени остануваат во сопственост и под управување на Општина Аеродром. Минатата година, СЦ Јане Сандански влезе во најтесниот круг на најдобри спортски сали во Европа. Овој центар е вистински храм на спортот, а Аеродром прерасна во најспортска општина.По современиот Градски стадион за чија изградба исто така вложив многу труд и посветеност, СЦ Јане Сандански е еден од најголемите проекти во историјата на спортот во Македонија, на кој сум посебно горд. #AerodromTimeless! #MacedoniaTimeless! пишува Коневски на Фејсбук.

https://www.facebook.com/watch/?v=4973760962641274&extid=NS-UNK-UNK-UNK-IOS_GK0T-GK1C

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести