9.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Протекоа детали за новите епизоди на „Сексот и градот“

Долгоочекуваната серија „И баш така …“, која е продолжение на филмот „Сексот и градот“, секојдневно ги интригира фановите, а извор близок до сетот на серијата откри дека „голема смрт“ се очекува во првата епизода.

Поради играта на зборот „голем“, навивачите дојдоа до заклучок дека тоа е ликот на Ѕверката што го игра Крис Нот (66).

Други веруваат дека тоа може да биде ликот на Саманта, кој го игра Ким Катрал (64), бидејќи актерката одби да биде дел од новите епизоди, пренесува Daily Mail.

Сепак, продукцијата неодамна изјави дека Ким е добредојдена во втората сезона, така што нејзината смрт е малку веројатна.

Изворот потврди дека тажната судбина сигурно ќе ја заобиколи Кери, која ја игра Сара Џесика Паркер, а чија смрт е доведена во прашање, ќе биде познато кога ќе се емитува првата епизода.

Новата серија беше замислена во 10 епизоди, но поради големиот интерес, продукцијата одлучи да ја сними и втората сезона. Повторно во центарот на вниманието ќе бидат ставени добро познатите ликови и нивниот средовечен живот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести