3.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

25 граѓани починаа изминатата недела од Ковид-19, ниту еден од нив не бил вакциниран

25 граѓани ги загубија своите животи од коронавирусот изминатата недела, а од министерството за здравство велат дека ниту еден од нив не бил вакциниран.

– Во период шести до 12 август годинава, на територија на државата 3.497 граѓани биле позитивни од тестирани, од кои 450 биле целосно вакцинирани, односно само 12,8%. Голем процент, дури 87,1% или 3047 граѓани од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е 100%, покажува анализата, велат од МЗ.

Министерството за здравство започнува со редовни анализи на неделно ниво, која секој петок ќе ја објавува во јавноста, а се однесува на процентот на вакцинирани меѓу позитивните случаи и починатите од Ковид 19 во државата. Во оваа анализа за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести