Во последните 24 часа во Србија од корона вирус биле тестирани 11.413 лица, од кои позитивни биле 983 лица, додека за жал, едно лице починало.
На респиратори биле 23 пациенти.
Вчера, од вкупно 11.229 тестирани, од нив биле 921 позитивни, додека пет лица починале, а на респиратор биле 20 пациенти.
Четвртиот бран на коронавирус во Србија полека зема замав а во болниците се повеќе луѓе со тешка клиничка слика, изјавил за РТС државниот секретар при Министерството за здравје Мирсад Ѓерлик. Станува збор за невакцинирани лица кои се враќале од летување или биле на поголеми собирање како што се свадби или ноќни забави, навел Ѓерлек
Во последните две недели евидентно дека се влошува епидемиолошката ситуација во Србија, рекол Мирсад.
– Број на прегледи на 8. август бил 680, а вчера преку 1.000. Имаме голем број приеми и мораме да бидеме подготвени на она што не очекува. Четвртиот бран зема залет, а вистинската сила допрва ќе ја почуствуваме. Од хоспитализитаните 80 посто се мажи кои не се вакцинирани, воглавно вратени од летување, забава и веселба – рекол секретарот на Министерството за здравје.
Државниот секретар при Министерството за здравје навел, ако продолжи трендот на пораст на зараразени неможе да се остане на постоечките мерки.
– Ситуацијата ќе ја следиме, ако и понатаму бројт на заразени продолжи да расте со ваква брзина, ќе мора да се намали бројот на луѓе кои се собираат на свадби и манифестации – рекол за РТС Мирсад Ѓерлак.
