23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Приведен дилер од Битола, при претрес запленета дрога

На 12.08 2021 од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, приведен е Р.Т.(39) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
Имено, врз основа на наредба за претрес на дом, издадена од Судија на претходна постапка од Основен суд Битола,  извршен е претрес во домот на Р.Т. во Битола, при што се пронајдени и одземени поголема количина марихуана, едно пакување амфетамин и масло од канабис.

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Битола, по документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести