Извор близок до сетот на серијата „И баш така …“, која е продолжение на „Сексот и градот“, откри дека во првата епизода не чека „голема“ смрт. Поради играта на зборот „голем“ (eng.big), навивачите дојдоа до заклучок дека станува збор за Ѕверката (г -дин Биг) кој што го игра Крис Нот (66).
Други веруваат дека тоа може да биде ликот на Саманта, кој го игра Ким Катрал (64), бидејќи актерката одби да биде дел од новите епизоди, пренесува Дејли Меил.

Меѓутоа, една продукција неодамна изјави дека Ким е добредојдена во втората сезона, така што нејзината смрт е малку веројатна.
Изворот потврди дека тажната судбина сигурно ќе ја заобиколи Кери.
Новата серија беше замислена во 10 епизоди, но поради големиот интерес, продукцијата одлучи да снима и втора сезона. Заплетот ќе ги следи добро познатите ликови и нивниот средовечен живот.
