2.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Османи: За жал, немаме охрабрувачки вести од Бугарија

Немаме дилема дека сме дел од Европа и дека припаѓаме на ЕУ. За жал, немаме охрабрувачки вести од Бугарија. Тоа се покажа како важен фактор за наоѓање на решение за блокадата на европската перспектива, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на прес-конференција каде говореше за проблемите со формирањето на Владата во Бугарија, нешто што го кочи решавањето на проблемот со Македонија.

Како што истакна Османи, без разлика на проблемите кои ги има Бугарија, комуникацијата мора да се одржи на ниво.

– Комуникацијата помеѓу двете министерства продолжи, кои разговараа, но тоа е колку да се одржи комуникацијата на ниво. Очигледно е дека потребно е формирање на влада во Бугарија. Ние продолжуваме со реформите и сме во очекување да се реши состојбата во Бугарија – истакна Османи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести