Американската актерка Кристина Еплегејт, која на нашата публика ѝ е најпозната по улогата во серијата „Оженет со деца“, ги извести своите бројни обожаватели дека има сериозен здравствен проблем.
Имено, Кристина на својот Твитер профил напиша дека боледува од мултиплекс склероза.
– Здраво пријатели. Пред неколку месеци ми беше дијагностицирана мултиплекс склероза. Беше чудно патување, но имав голема поддршка од луѓе за кои знам дека ја имаат истата болест. Тоа е тежок пат. Но, колку што знам, патувањето продолжува. Освен ако некој не го блокира – изјавила актерката во својот прв твит.
Потоа напиша уште еден мејл во кој ги замоли сите обожаватели да ѝ дозволат да ја има својата приватност додека минува низ овој тежок период.
