Поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски на Фејсбук се огласи по повод 6 години од изградбата на еден од најубавите паркови во Скопје.
“Пред точно 6 години со средства на Општина Аеродром го изградивме Паркот на светлината. Аеродром и Скопје добија урбан и модерно уреден простор со голема фонтана, простор за одржување настани, како и детско катче. Сето тоа збогатено со многу дрвја и зеленило. Овој парк е многу посетуван од сите генерации, особено во летните вечери. #AerodromTimeless!” – пишува Коневски на Фејсбук.

