6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: По преспаниот мандат Шилегов сега со шминка сака да ги залаже граѓаните дека нешто се изградило во Скопје

Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на изјавата на Михаела Иванова

Шилегов го остави на цедило Скопје. Шилегов почнаа непрепознатливи луѓе да го фалат, додека тој одмара во Хрватска, а Скопје гори.

Додека пукаат скапо платените плочки на кеј, Шилегов се фали со изградба на нов мост на реката Вардар во Аеродром.

Петре Шилегов единствено ќе биде запаметен кај граѓаните по преспан мандат во кој ништо не сработи за доброто на граѓаните иако се фалеше.

По преспаниот мандат сега со шминка сака да се престави како нешто да сработил.

Но, за жал вистинскиот резултат од  работата на Шилегов се матните зделки и неостварените ветувања со кои дојде на власт во 2017-та.

Неработникот Шилегов е должен на скопјани да им каже каде се 12,5 милиони евра кои ги доби со продажбата на зградата на Град Скопје? Дали тие пари се веќе потрошени и за што се потрошија, бидејќи ниту има зграда на Град Скопје, ниту има нешто изградено?

Поспаниот Шилегов е должен на скопјани да  каже каде е ветениот тунел под Кале, каде се мостовите, зиплајнот и десетици други проекти со кои ја бараше довербата од граѓаните на Скопје во локалните избори?

Граѓаните на 17-ти октомври ќе му пресудат на поспаниот неработник Петре Шилегов.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести