8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

ДРАМА ВО СРБИЈА: ПИЈАН АДВОКАТ СТИГНАЛ ДА БРАНИ ОБВИНЕТ ЗА ДРОГА – ДВАЈЦАТА ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ

Адвокатот Љ.К. од Врњачка Бања дошол во полиција да го посети својот клиент Д.Р., а потоа завршил во притвор со него, објавија српските медиуми.

Клиентот завршил зад решетки поради дрога, а адвокатот му се придружил поради инцидент со алкохол. Наводно, се започнало кога адвокатот дошол во притворот каде што бил Д.Р. кој бил приведен поради сомневање дека управувал возило под дејство на наркотици, пишува Ало.

– Тестот покажал дека бил позитивен на наркотици и му била одредена мерка притвор. Тоа не му се допаднало на неговиот адвокат – вели извор близок до истрагата, и додава дека наскоро започнала вистинска драма.

– Адвокатот стана непријатен и не сакаше да ги прифати резултатите од тестот којшто му беше направен на неговиот клиент. Тој инсистираше на тоа дека Д.Р. повторно да биде тестиран за дрога, но во брза помош, во негово присуство – тврди соговорникот.

Неговото барање било прифатено, па наводно бил пренесен во амбулантата за тестирање заедно со младиот човек.

– Додека младиот човек се тестираше, адвокатот полуде целосно. Почна да вика по докторот во Итната помош. Очигледно беше дека е надвор од памет. Го навреди докторот, кој на крајот плачеше. Ситуацијата беше крајно напната, па наскоро адвокатот беше тестиран и се покажа дека е пијан. Потоа заврши во ќелија со клиентот поради нарушување на јавниот ред и мир – вели соговорникот.

Како што се испостави, Д.Р. не е првпат да има проблем со законот поради возење. Исто така, бил тестиран за дрога во јануари, но потоа намерно уринирал двапати покрај шишето за урина.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести