5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

173 санкции за брзо возење


Во текот на вчерашниот ден (05.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи.
Од нив, осум возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 87 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 86 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести