Шефот на кланот Ндрангета од југот на Италија, Доменико Павиљанити, познат како „шеф над шефовит “, беше приведен во Мадрид.
Наводниот шеф на моќниот италијански мафијашки клан Ндрангета, кој го контролира најголемиот дел од трговијата со кокаин во Европа, е уапсен во Шпанија.
Доменико Павиљанити, еден од најбараните италијански бегалци и веќе две години беше во бегство.
Ндрангета е една од најбогатите криминални групи во светот, со центар во Калабрија на југот на Италија.
Тој беше уапсен како дел од заедничката акција на италијанските и шпанските власти.
Со него имал шест мобилни телефони, речиси 6.000 евра во готово и лажни португалски документи.
Првпат бил уапсен во Шпанија во 1996 година за злосторства извршени во текот на 1980 -тите и 1990 -тите, вклучувајќи убиства и трговија со дрога.
Три години подоцна, екстрадиран во Италија, каде што беше осуден на доживотен затвор.
Но избегал во Шпанија каде наводно му помогнале членовите на семејството кои живеат таму.
Италијанскиот суд го осуди повторно во јануари, овојпат во отсуство, на 11 години затвор за серија кривични дела убиства и здружување во организирана криминална група за трговија со дрога.
Полицијата верува тој е на чело на кланот Ндрангета и ги контролира пратките на кокаин од Јужна Америка кои пристигнуваат со брод.
Оваа мафијашка група собра огромно богатство преку снабдување на Европа со кокаин од Латинска Америка и хашиш од Северна Африка.
