Истарската полициа привела германски државјанин кој се товари дека со снимање и фотографирање голи деца на ровињската плажа сторил кривично дело искористување деца за порнографија.
Полицијата постапила по дојава во вторникот вечерта на плажата во туристичкиот камп во Ровињ и го уапсила 42-годишниот маж кој снимал и фотографирал голи деца.
Одземени му се два мобилни телефони во кои се пронајдени снимки и фотографии со инкриминирачка содржина, пренесува Хина.
После спроведената истрага осомничениот истиот ден е приведен во притворската единица.
