2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ги распиша локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври

Локалните избори во Македонија ќе се одржат на 17 октомври.  Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ги распиша локалните избори.

Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до Државната изборна комисија, како и до Министерството за надворешни работи и Министерството за правда.

-Денес го потпишав решението за распишување на локалните избори за членови на советите на општините и Советот на градот Скопје, за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје. Според законските одредби, локалните избори ќе се одржат на 17-ти октомври 2021 година. Бидејќи изборната кампања почнува дваесет дена пред денот на одржување на изборите, во тој период Собранието нема да има пленарни и комисиски седници, рече тој.

Џафери додаде дека на овој начин, им се овозможува на политичките партии и кандидати целосно да се посветат на изборната кампања, а во исто време да се одбегне можноста кампањата да се пресели во собраниската сала.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести