1.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

БРАВО: Apple воведе нов систем во борбата против детската порнографија

ИТ компанијата Apple воведе нов систем во борбата против детската порнографија, како на своите сервери, така и на уредите на корисниците. Тоа е систем за пронаоѓање слики од сексуална злоупотреба на деца (CSAM) зачувани на сервисот iCloud во САД.

Новиот систем ќе детектира CSAM на уредите на корисниците во САД користејќи т.н криптографско хаширање – претворање слики во уникатни броеви кои одговараат на одредена слика. Тоа е технологија која се обидува да одговара на веќе познатиот материјал за сексуална експлоатација на деца.

Еве како функционира

Системот работи споредувајќи фотографии со база на податоци со познати слики за сексуална злоупотреба на деца составена од Националниот центар за исчезнати и искористени деца на САД (NCMEC) и други организации за заштита на децата.

Apple тврди дека овој систем е повеќе приватен за корисниците отколку другите начини за елиминирање на нелегалната содржина на детска порнографија, бидејќи користи пософистицирана криптографија и на серверите на Apple и на уредите на корисниците.

Најавата на Apple дека ќе ги скенира американските iPhone – и за фотографии од сексуална злоупотреба на деца наиде на одобрување од организациите за заштита на децата, но и загриженост дека владите би можеле да ја злоупотребат технологијата за да ги следат своите граѓани.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести