7.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Ријана e најбогата пејачка во светот

Богатството на пејачката Ријана се проценува на 1,7 милијарди долари, што ја прави најбогата пејачка во светот, но музиката не е примарен извор на нејзиното богатство, објави списанието Форбс.
Поголемиот дел од богатството на пејачката родена на Барбадос, вистинско име Робин Фенти, доаѓа од 50 проценти од нејзиниот удел во козметичката линија „Fenty Beauty“, објави Форбс.

Остатокот од богатството на Ријана доаѓа од нејзиниот удел во Savage x Fenty за долна облека и од приходите што ги заработува како пејачка и актерка.
Козметичката компанија на Ријана, чија втора половина ја поседува LVMH, е позната по широката палета од 50 тонови на кожа, вклучувајќи темни тонови за жени со темна кожа, што беше реткост кога компанијата беше основана во 2017 година. Затоа стана лидер во однос на вклучувањето во таа индустрија.

Пејачката на хитовите „Umbrella“ и „Love the Way You Lie“ е втората најбогата забавувачка по Опра Винфри, додава Форбс.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести