Пожарите во Македонија не стивнуваат а од час во час нивниот број само се зголемува. Последен во низата е пожар во близина на скопската фабрика „Охис“.
Според информациите затворен е и патот кон населбата Драчево.
Од Министерството за внатрешни работи за ТВ21 потврдуваат дека има пожар во фабриката.
Засега не е познато што е запалено во фабриката.
