spot_img
36.8 C
Skopje
вторник, август 3, 2021
spot_img

Словенија ја забрзува вакцинацијата, очекуваат есенски бран

Владата на Словенија ја забрзува кампањата за вакцинација против коронавирусот, така што центрите за вакцинација ќе бидат отворени за секого од 8 до 22 часот, а епидемиолозите предупредуваат дека есенскиот бран може да биде полош од минатата година, доколку вакцинацијата не се зголеми поради делтата варијанта

“Ако сакаме да го избегнеме четвртиот бран на пандемија и преполни болници, се препорачува барем сите постари од 40 години да бидат вакцинирани што е можно поскоро за да се заштитат од потешкиот тек на болеста. Пожелно е да биде вакцинирана барем 90% од возрасната популација.

Во моментов, 46 проценти од луѓето над 18 години и 60 проценти од оние над 50 години се целосно вакцинирани во Словенија. Според Министерството за здравство, моменталниот репродуктивен број на ширење на вирусот во Словенија е 1,25, а покрај локалните инфекции, дневно има и по 15 увезени.

„Размерот на епидемијата се зголемува иако сме во средината на сезоната налетни одмори што делува како делумно затворање, а минатата година епидемијата тогаш беше во опаѓање“, велат епидемиолозите. Тие предупредуваат дека скоро 100 проценти од тестовите се со делта варијантата  и во случај вакцинацијата да не се зголеми брзо, есенскиот бран во однос на бројот на дневни инфекции и хоспитализации може да биде полош од минатата година.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести