20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Европскиот суд на правдата му го одзеде имунитетот на поранешниот каталонски премиер Карлес Пучдемонт

Европскиот суд на правдата му го одзеде имунитетот на поранешниот каталонски премиер Карлес Пучдемонт како европратеник, објави весникот „Ла Вангуардија“.

Во март годинава, Европскиот парламент им го укина пратеничкиот имунитет на поранешниот лидер на Каталонија и на уште двајца каталонски политичари, но на почетокот на јуни, потпретседателот на Судот на ЕУ ја суспендираше времено таквата одлука.

Пучдемон беше премиер на Каталонија во периодот кога се спроведе референдумот за независност на автономниот регион во 2017 година. Тој подоцна избега во Белгија. За време на изборите за Европарламент во 2019 година, Пучдемон беше избран за европратеник, но властите во Шпанија побараа од ЕП да му го одземе имунитетот, бидејќи е распишана потерница за негово апсење.Судските власти во Шпанија бараат Пучдемон да биде екстрадиран и да му се суди за поттикнување немири и проневера.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести