spot_img
28.8 C
Skopje
недела, август 1, 2021
spot_img

Расте бројот на активни случаи од КОВИД-19

Расте бројот на активни случаи од КОВИД-19. Во текот на вчерашниот ден беа 81 нов случај. Со тоа бројката на активни случаи се искачи на 525.

Од министерството за здравство велат дека и покрај растечкиот тренд притисок во болниците и амбулантите нема. На Инфективната клиника се лекуваат околу 15 пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека очигледно е оти нема да запре трендот на појава на нови соеви на вирусот. Според него, многу веројатно е дека делта сојот нема да биде последниот сој на овој вирус.

И покрај тоа што е сега прилично мирно, Филипче оцени оти е можно овој тренд на пораст да продолжи и понатаму, но додава дека будно ја пратат состојбата. Интензивно, посочи тој, ги пратиме и анализираме препораките во однос на вакцинацијата. Можните сценарија според него се да има препорака за трета доза на вакцини или вакцината да стане сезонска. Но, повеќе сознанија за тоа дали вакцината ќе стане сезонска или не, се очекуваат во септември или октомври.

Во зависност од моменталната состојба, здравствените власти ќе разговараат и за евентуални рестриктивни мерки, прво насочени кон оние кои не се вакцинирани. Постои можност да се оди по примерот на некои други земји во делот на ограничување на влезот во затворени простории, поточно, да се бара задолжителна потврда за вакцинација.

– Овие мерки ќе важат за тие кои не се вакцинирани. Има мерки кои веројатно ќе продолжат да важат и понатаму, тоа се маските во затворен простор. Точно е дека можат да се заразат и луѓе кои се вакцинирани, меѓутоа вакцината штити од тешка форма на болеста и сериозно го намалува ризикот од смртен исход и тоа е суштината. Многу веројатно е дека ќе дојде и некоја следна мутација, а тоа не значи дека ние ќе живееме и треба да живееме со рестрикции, рече завчера Филипче.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.380 бројката на оздравени пациенти е 150.362, на починати е 5.493.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата  на активни случаи по градови е следна:  Скопје  171,   Куманово 59,   Прилеп 11,   Тетово  135,  Битола  18,   Велес  5,  Гостивар  36, Кавадарци  3,   Охрид  8,   Штип  5,   Струмица  12,   Струга  6,   Кочани  6,   Кичево  15,   Гевгелија  2, Свети Николе  3,  Радовиш  3,  Берово  2, Делчево  1,  Дебар  17,  Валандово  5,  Пехчево  2. Во останатите градови нема активни случаи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести