6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

“Летал” 203 километри на час, „фатен“ со т.н. ноќен радар – 200 казнети возачи

Синоќа во периодот од 21.00 (28.07.2021) до 01.00 (29.07.2021) часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 200 возачи. Од нив, 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести