4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Еве како шпански лекар од 19 век ги користел децата како фрижидер за вакцини

Франциско Хавиер де Балмис користел деца за да ја зачува вакцината против големи сипаници за време на неговите патувања во шпанските колонии.

Кога Франциско Хавиер де Балмис отплови од Шпанија во 1803 година за да ги вакцинира жителите на шпанските колонии против големи сипаници, тој немаше начин ниту уреди како да ја зачува свежината на вакцините, па ги користеше децата како „фрижидери“, пишува Гардијан.

Во Генералниот архив на Индија во Севиља е отворена изложба на документи за патувањето на Балмис, а документите, кои ќе бидат изложени до 15 септември, за првпат ги наведуваат имињата и годините на децата што ја овозможиле веројатно првата хуманитарна мисија во историјата.

Кураторот на изложбата Мануел Алварез го опиша како „посветеност на сите здравствени работници кои се бореле и се борат против Ковид-19“.

Во 18 век, од сипаници починале милиони луѓе во Европа, пред англискиот лекар Едвард Џенер да открие во 1796 година дека сипаниците што напаѓаат говеда функционираат како вакцина.

Балмис, кој беше лекар во армијата и судски преведувач за медицински прашања, го убеди шпанскиот крал Карлос IV, чија ќерка почина од вариола, да финансира кралска филантропска експедиција во шпанските колонии за да го вакцинира локалното население против големи сипаници.

Целта на таа визионерска мисија беше да се вакцинира населението, но и да се формираат центри за вакцинација со цел да се контролира секоја идна епидемија, пишува британскиот весник.

Експедицијата тргна со брод од пристаништето Коруна во северозападна Шпанија со 22 сирачиња. Меѓу нив беше и 9-годишниот син на Изабел Зендал, која водеше локално сиропиталиште. Зендал се грижеше за децата на бродот и работеше како медицинска сестра.

Со оглед на тоа што вакцината против сипаници може да преживее само 12 дена „ин витро“, Балмис инфицирал две деца со вирус на сипаници од говеда на секои 10 дена, а потоа ги инфицираше другите две деца од нивните плускавци и така натаму додека не пристигнале на дестинација со свеж и употреблив серум за вакцинирање луѓе.

Децата се разболеле откако добиле вирус од говеда, но не умреле. Иако од денешна перспектива, ваквиот метод за чување на вакцината се чини варварски, во тоа време тоа било нормално. Џенер ја тестирал својата вакцина на осумгодишно момче.

Децата, 22 од нив, останале во Мексико, додека Балмеј регрутирал 26 други деца со кои отишол од Акапулко на Филипините. Документите покажуваат дека станува збор за мексикански момчиња на возраст од четири до 14 години, кои родителите му ги предале на Балмис во замена за пари. Некои се опишани како „Шпанци“, други како „мистизои“ (мешана крв).

Кога Балмис ја заврши својата експедиција, околу 300.000 луѓе на Канарските Острови, Перу, Еквадор, Колумбија, Венецуела, Мексико, Филипините и Кина се вакцинираа бесплатно.

„Стратегијата што ја користеше Балмис беше ефтин, генијален и пионерски начин да се стигне вакцината во добра состојба во Америка“- рече Алберто Гарсија-Бастеиро, епидемиолог и професор на Универзитетот во Барселона. „Таквата стратегија веројатно денес би била критикувана како неетичка, но влијанието и придобивките од експедицијата на Балмис не може да се негираат“-додаде тој.

Болница во Мадрид која одигра клучна улога во борбата против Ковид-19 е именувана Изабел Зендал, а владата во Мадрид операцијата за дезинфекција на домовите за стари лица, во која учествуваа 2.500 војници, ја нарече „Операција Балмис“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести