Полициска акција утрово е спроведена во скопската Сингелиќ и на неколку други локации во Скопје. Се апсат криминалци инволвирани во трговија со оружје и дрога. Според нашите информации, приведени се 12 лица, меѓу нив и еден полицаец.
Од МВР потврдуваат дека во тек е акција а повеќе информации ќе соопштат по завршувањето на акцијата.
