6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

ХАОС: Во Индија се појави болест со ужасни симптоми

Индија се соочува со исклучително силен бран на коронавирусот, но поради него има нов проблем  – болест која има ужасни симптоми и убива повеќе од половина од заразените.

Таканаречената инфекција „црни габи„ е инаку релативно ретка дури и во Индија каде што 80% е погусто населена во однос на Европа. Ја предизвикува микромицетес, тип на габа на која луѓето се изложени секој ден, но ако имуниот систем им е добар, немаат последници. Меѓутоа пациентите на кои цел имунолошки систем им е ослабен поради Ковид-19, можат сериозно да се разболат, а некои од нив дури и да умрат.

Ако не се лечи веднаш, оваа болест предизивкува губење на видот, трајно оштетување на ткивото на лицето, болките се огромни, а пациентите прво почнуваат да крварат од очите или носот.

Оштетеното ткиво мора веднаш да се отстрани, а процентот на смртност е повеќе од 50%. Индија е трета на светот по бројот на заболени од дијабетес што дополнително би ја компликувало оваа болест.

Од почетокот на пандемијата Индија имаше околу 3.000 случаи годишно, но од мај до јуни годинава се забележани повеќе од 40.000.

Освен во Индија, оваа инфекција е забележана и во Непал, Авганистан, Египет и Оман.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести