6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Во Црна Гора од петок нови мерки против Ковид-19 – Во дискотека со сертификат или негативен ПЦР тест

Црна Гора ќе добие Национален дигитален сертификат за Ковид што би бил во употреба од петок, 30 јули, кога се очекува црногорската влада да објави корегирани мерки во борбата против коронавирусот, соопшти Министерството за здравство во Подгорица.

Министерството потсетува дека е најавено дека само оние кои исполнуваат одредени услови ќе можат да посетуваат ноќни клубови, дискотеки и внатрешност на угостителските објекти.

Националната дигитална ковид потврда, направена по пример на ЕУ-дигиталниот сертификат, ќе содржи, меѓу другото, информации за тоа дали некое лице е целосно вакцинирано или ја примило првата доза на вакцина против коронавирусот. Сертификатот ги наведува датумот и времето на негативниот ПЦР-тест на Ковид-19, а се прифаќа негативен тест не постар од 72 часа.

Сертификатот содржи доказ дека лицето го прележало вирусот, односно доказ дека поминале помалку од 180 дена од позитивниот PCR тест, доказ за негативен брз тест на антиген и БАТ што не е постар од 48 часа. Дигиталниот сертификат е бесплатен и е достапен во чешатена или дигитална форма. Сертификатот може да се зачува и прикажува на мобилниот телефон. Нема суштинска разлика помеѓу дигиталните и печатени верзии на сертификатот, бидејќи кодот во двете верзии е гаранција за валидноста на податоците што се прикажуваат, објавија „Вијести“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести