11.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Голем пожар беснее во Сардинија

Голем пожар беснее во Сардинија, повеќе од 400 луѓе се евакуирани откако пожарот се доближи до неколку градови и села.

Пожарникарите сè уште не го ставиле пожарот под контрола, за кој властите веруваат дека е подметнат. Во Италија, подметнување пожар се казнува со четири до десет години затвор.

„Единаесет авиони се вклучени во гаснењето, најголем дел се во областа Ористано, каде што ситуацијата е најкритична. Пожарот досега зафати површина од 10.000 хектари“, изјави шефот на цивилната заштита на Сардинија, Антонио Белој, додавајќи дека временските прилики не им одат во прилог.Дел од луѓето утрово се вратија во своите домови, додека огнот се движи кон брегот. Градоначалниците на неколку града изразија загриженост поради ситуацијата со пожарите.

„Ова е катастрофа. Се плашиме од најлошото“, изјави градоначалникот на Санту Лусурџу, Диего Лои.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести