18.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА: Објавено убиство во центарот на Белград и нови слики од жртвите на Беливук (фото/видео)

Српскиот претседател Александар Вучиќ на вчерашното гостување на Телевизија Пинк објави морбидно видео и фотографии од злоделата на Вељко Беливук и неговиот најблизок соработник Марко Миљковиќ порачувајќи дека никој нема повеќе да си игра со државата.
На националната телевизија за прв пат се објавени снимки од убиството на Властимир Милошевиќ (34) поранешен карате репрезентативец на Србија. Убиството е извршено среде Белград на 30 јануари 2017 година. Веднаш после убиството се приведени беливук и Миљковиќ, но заради недостиг на докази двајцата се ослободени од притвор.

Според Вучиќ, Милошевиќ бил убиен затоа што не му дозволувал на Беливук да ги презме сплавовите.
“Тој е убиен бидејќи спречил некои од луѓето на Беливук и Миљковиќ да ги преземат сплавовите. Кога ќе дојдете во бункер на стадион, ќе добиете грам дрога за 50 евра и потоа тој се шири по Србија, а на сплавовите се продава за 70 евра. Таа цена понатаму само се зголемува и затоа тој човек е убиен. Тој им се спротиставил и некој го нападнал. Тие се преплашиле и тој им пречел. Тој е кум на Миљковиќ, кој што се фалел „каков крал сум јас, убив двајца кумови“, изјави Вучиќ.

Што не го рокнеш Власта ? Што си пи*ка ? Што му се плашиш ?

Марко Миљковиќ кој му бил кум на убиениот Властимир Милошевиќ, според пишувањата на српските медиуми го провоцирал „Веља Невоља“ да повлече чекор. Српските медиуми ги цитираат неговите пораки „Што не го рокнеш Власта ? Што си пи*ка ? Што му се плашиш ?“. Вељко Беливук се согласил на тоа под услов Миљковиќ да биде возач при убиството. Пред да го извршат, двајцата според српските медиуми, го следеле Милошевиќ и ги проучувале неговите навики и движења.

Миљковиќ го гушка, а потоа брутално го убиваат

Претседателот на Србија во емисијата на ТВ Пин детално опиша и на кој начин криминалната банда на Вељко Беливук го намамила Лазар Вукичевиќ во мачилиштето користејќи гоприпадникот на Шкаљарскиот клан како мамец.
„Марко Миљковиќ седи на фотографијата со припадникот на Шкаљарскиот клан, кое подоцна е киднапирано. Миљковиќ бил пријател со тоа лице. Не сакам да го откривам неговото име бидејќи завршил на ужасен начин и не сакам дополнително да го вознемирувам неговото семејство. Го киднапирале и го однеле на оддалечена локација. Тој не смеел да покаже дека е киднапиран и мора да ги навлекува своите соработници од шкаљарскиот клан со тоа што ќе покаже како е добар со Беливук. Киднапираниот им испраќа порака на Шарац и Лакичевиќ да дојдат и да се пресметаат со оние кои ги елиминирале нивните соработници, а кога ќе дојдат луѓето на Беливук ги мачеле и убивале“ рече Вучиќ.
Вучиќ додаде дека момчето на фотографијата починало од удар од лопата. Шарац бил повнимателен и не бил мачен како Лазар, но на крајот и тој бил убиен во трговски центар во Белград бидејќи не сакал да се појави кај Вељко Беливук.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести