-3.2 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

ЗАЕВ: Бидејќи сме коалициони партнери со ДУИ, БЕСА и со ДПА, заедно ќе настапиме за локалните избори

Бидејќи сме коалициони партнери со ДУИ, БЕСА и со ДПА, заедно ќе настапиме за локалните избори, кажа премиерот Зоран Заев денеска во Битола.

Појасни дека во првиот круг сите три партии ќе настапат самостојно, а потоа меѓусебно ќе се поддржат.

„Нормално деталите не можеме да ги кажеме уште оти не ги знаеме имињата, но дефинитивно ги знаеме принципите на коалицирање. Се знае во првиот круг одат сите, после тоа се поддржуваме, фер, така на граѓаните ќе им оставиме сами да ни кажат патот кој е, кој треба на крајот да биде избран во сите други градови“, изјави премиерот Заев.

Заев истакна дека довербата кај граѓаните за сите потенцијални кандидати на СДСМ е голема.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести