2.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Браната може да попушти во секој момент, страшни поплави ја погодија Кина

Централните делови на Кина беа погодени од поплави по врнежите, за кои метеоролозите посочуваат дека се најзастапени во последните илјада години.

Во Луојанг, град со седум милиони жители, се заканува попуштање на браната, поради што беше ангажирана и армијата.

Најмногу беше погоден Женгжу, главниот град на кинеската провинција Хенан со 12 милиони жители, каде во поплавите загинаа најмалку 12 лица.

Кинеската агенција Синхуа објави дека досега се евакуирани 100.000 луѓе од градот.

Поплавите го оштетија и храмот Шаолин, познат по предавањето на воените вештини на будистичките монаси.

Бројни поаѓања на возови низ Хенан се откажани, некои автопати се затворени, а летовите се прекинати или одложени.

Од саботата навечер до вторникот попладне паднаа 617,1 милиметар дожд на метар квадратен, што е скоро на нивото на годишниот просек од 640,8 милиметри.

Браната се заканува дека ќе биде отпуштена, армијата е ангажирана
Кинеската војска во вторникот предупреди на непосредната опасност од пукање на браната Хиетан во Луојанг.

Армијата соопшти дека на браната се појавила пукнатина од 20 метри, што спречува продирање на вода од Жолтата река.

– Браната може да попушти во секој момент – предупреди армијата.

Ангажирани се околу 20.000 припадници на армијата и полицијата во обидот да спречат нови поплави.

100
200
300
400
500
600
700
800
900
1000
1011

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести