8.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

СТРАШНО: Поради пандемијата околу милион и пол деца останале без барем еден родител

Од март 2020 година до април годинава околу 1,5 милиони деца ширум светот изгубиле барем еден родител или старател поради пандемијата со Ковид-19, покажува најновото истражување на тим истражувачи од „Имеријал колеџ“ во Лондон, предводени од Сет Флаксман, кои до оваа бројка дојдоа создавајќи математички модел со помош на податоци за наталитетот и морталитетот од коронавирусот.Со оглед на фактот дека овие податоците не се целосни за сите места, бројката може да биде само проценка, а веројатноста е поголема, напишаа научниците.

Бројот на деца кои изгубиле еден или двајцата родители поради пандемијата е особено голем во Јужна Африка, Мексико, Бразил и Колумбија.

Вкупно, бројот на децата кои ги загубиле своите татковци е пет пати поголем од бројот на децата кои ги изгубиле своите мајки.Инаку, истражувањето е објавено во медицинското списание „Лансет“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести