spot_img
17.8 C
Skopje
понеделник, јули 19, 2021
spot_img

435 санкции за брзо возење на територија на цела држава (Видео)

Во текот на вчерашниот ден (18.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 435 возачи. Од нив, 35 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести