spot_img
21.8 C
Skopje
понеделник, јули 19, 2021
spot_img

Утринската „банана диета“ е хит во Јапонија


Што е банана диета?

Ја нарекуваат „Аса-банана-диета“ и е мошне делотворна ако сакате да загубите прекумерни килограми. Концептот е едноставен: се појадуваат само банани, а во остатокот од денот може да се јаде и друга храна, но важен е балансот.

Секое утро се јаде една до две банани, кои брзо заситуваат, богати се со калиум и хранливи влакна кои ја регулираат телесната маса.

Кај оваа диета не смее да се јаде после 20 часот. Јапонските стручњаци тврдат дека не е нужно бавење со спорт за килограмите да почнат да се губат.

Предлог мени:

Појадок

2-3 банани. Со нив се консумира само вода или чаша безмасно млеко.

Ручек:

Ваш избот неа биде динстан зеленчук и јунешко месо, рибина чорба или интегрални тестенини со сос од домати. Со секој оброк оди салата, зелка или зелена. Меѓу оброците може да изедете и банана, но правете пауза од 4 часа.

Вечера:

Пилешко, мисиркино месо на скара, зеленчук или риба. Исто така, салата по желба. Последниот оброк да биде најдоцна до 20 часот, а пожелно е на спиење да одите после 4 часа.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести