Она што подоцна му се случило е непознато, пронајдокот мистериозно исчезнал и сите записи за тоа биле изгубени или завршиле добро скриени во сефот на некои од големите компании…
Меѓу многуте пронајдоци што му се припишуваат на славниот пронаоѓач и научник Никола Тесла, има еден автомобил. Се разбира, електричен!
Повеќе од седум децении пред Илон Маск да ја основа компанијата Тесла и да започне со производство на денес најпопуларните, електрични автомобили во светот, Никола Тесла направил електричен автомобил уште во 1931 година – и тоа без батерии!
По информацијата, пред неколку години редакцијата на американскиот автомобилски портал Јалопник, се обиде да испита дали тој автомобил навистина постоел. И покрај фактот дека немало јасни докази за постоењето на електричниот автомобил на Тесла, тој се споменува во бројни текстови и книги за познатиот научник, така што не може да се докаже ниту неговото постоење ниту неговото непостоење.
А, приказната што според достапните информации е позната, вели дека Тесла го преработил фабричкиот автомобил Pierce – Arrow во 1931 година. Од него бил изваден оригиналниот бензински мотор, кој потоа бил заменет со затворен електричен мотор со дијаметар од 65 сантиметри. Тој мотор прилично загревал, па Тесла морал да инсталира вентилатор. Остатокот од автомобилот останал непроменет.
Моторот се состоел од „енергетски приемник“ со 12 вакуумски цевки, од кои „штрчела“ антена висока 1,8 метри. Од приемникот излегувале и две дебели цевки долги околу десет сантиметри.
Најважната карактеристика на автомобилот на Тесла е тоа што тој морал да ја користи технологијата со која Тесла експериментираше во тоа време – безжичен трансфер на енергија. Приемникот вграден во автомобилот безжично прима електромагнетни бранови, на ист начин како што радио прима сигнали.
Автомобилот се засноваше на претпоставката на Тесла за безжичен пренос на енергија, што треба да дозволи секој електричен уред да работи без батерии, доколку е доволно близу за безжично да прима електрична енергија преку предавателите. Наводно моторот работел на 1800 вртежи во минута, што според Тесла произведува доволно енергија за да осветли просечна куќа.
Тесла го тестирал автомобилот десетина дена и успеал да постигне максимална брзина од 144 км на час. Се разбира, автомобилот не испуштал штетни гасови. Откако завршил со тестирање, Тесла наводно го заменил електромоторот со оригиналниот бензински. Исто така се шпекулираше дека тој потоа го продал својот патент на Вестингхаус.
Што се случило со автомобилот потоа, остана голема мистерија, бидејќи пронајдокот на Тесла мистериозно исчезнал и тој повеќе никогаш не ја виде светлината на денот. Сите записи за овој потфат на Тесла исчезнале или се изгубени, иако е веројатно дека тие завршиле добро скриени од големите компании кои веројатно многу добро знаат што и како направил Никола Тесла.
Исто така е добро познато дека Тесла се здобил со многу непријатели со својата посветеност на бесплатна енергија, па затоа не треба да изненадува ако податоците и документите за неговите експерименти ги кријат одредени лобија.
