spot_img
22.8 C
Skopje
сабота, јули 17, 2021
spot_img

C3O: Згpeшивме што ја отфpивмe тeopијата дека виpycот е излезен од лабapaторија

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус, ја повикува Кина да соработува и да обезбеди пристап до повеќе податоци, бидејќи продолжуваат истрагите за потеклото на КОВИД-19.

„Бараме Кина да биде транспарентна и отворена и да соработува“, рече тој за време на прес-конференција за новинари во Женева, Швајцарија во четвртокот.

„Тоа им го должиме на милиони кои страдаа и на милиони кои починаа да знаат што се случи.

Тедрос Аданом Гебреизус, генерален директор на Светската здравствена организација, ја повика Кина да биде „потранспарентна“ и да „соработува“ со истрагите за пандемија COVID-19.

Тедрос рече дека се случило „предвремено отфрлање“ на теорија дека вирусот протекол од лабораторијата на кинеската влада во Вухан, Кина.

Тој истакна дека несреќите во лабораториите се „чести“.

„Јас и самиот бев лабораториски техничар, јас сум имунолог и работев во лабораторија и се случуваат несреќи во лабораторија“-рече тој.

„Проверка на она што се случи, особено во нашите лаборатории, е важно и ни требаат информации, директни информации за тоа каква била состојбата во оваа лабораторија пред и на почетокот на пандемијата, тогаш, ако добиеме целосни информации, можеме да ја исклучиме можноста.

СЗО првично ја исклучи теоријата, велејќи дека „ лабораториски инцидент се сметаше за крајно неверојатно теорија“.

Тим од СЗО мина четири недели во Вухан во март со кинески истражувачи за да истражи што се случило.

Тие во заеднички извештај заклучиле дека вирусот бил пренесен од лилјаци на луѓе преку друго животно.

Кина постојано ја нарекуваше идејата дека вирусот избегал од лабораторијата во Вухан како „апсурдна“ и „политизирање“ на ова прашање.

Во последниве месеци – идејата дека пандемија започнала во лабораторија – се здоби со голем интерес особено откако американскиот претседател Џо Бајден нареди на американските разузнавачки служби да се процени можноста за протекување од лабараторија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести