Најпопуларниот македонски јутјубер Стефан Лазаров веќе се докажа и се етаблираше како еден од најдобрите водители во Македонија и дефинитивно човек што поставува стандарди и руши предрасуди. Македонската публика на јутјуб за една година дефинитивно му поклони доверба на Лазаров кој создава фан база која расте од ден на ден.
Без влакна на јазикот и брутално искрен, токму затоа и публиката тоа го препознава и верно го следи и поддржува. Овој пат во едно поинакво издание спреми нова песна која е посветена на неговата девојка Марта. Спотот е снимен во Албанија на брегот на преубавото Јадранското море, а дефинитивно спотот и песната се совршен спој кој зрачи со позитива и емоции.
Недела во 14:00 бидете на јутјуб каналот на Лазаров и уживајте во “Ти” која дефинитивно ќе биде голем летен хит.
