8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

УХМР: Се очекува појава на невреме, дожд и грмежи

Денес кон крајот на денот и навечер, особено во северните и во североисточните предели ќе има локална појава на нестабилност проследена со изолирана појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени.

Потоа во следните денови, температурите ќе бидат во опаѓање за неколку степени и ќе има честа појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, и тоа особено за време на викендот и на почетокот од следната недела.

Локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град.

Температурите и тоа особено за време на викендот ќе бидат пониски, и тоа особено од недела кога максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер, како и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ ќе има и во делови од Скопската котлина. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 38 степени, додека за време на викендот истите ќе опаднат за неколку степени и ќе се искачуваат до околу 32 степени.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести