Харис Џиновиќ одамна го немаше со нова песна, но по се изгледа конечно решил да ја прекине паузата и тоа да објави дует. И тоа не со кого било, туку со младата пејачка Ангелина, која патем пее сосема поинаква музика од него.
Темата е со наслов „Поломи ме“ и самиот спој на двете музички имиња ја прави необична и многу поразлична од сето она што досега го сработеле и двајцата.
На Харис од прва му се допаднала идејата да направи соработка со младата пејачка, затоа што многу му се допаѓал начинот на кој таа ја изведува својата музика. Додека Ангелина рекла дека и била чест да работи со ѕвезда како Џиновиќ.
– Голема чест е да се сними дует со Харис. Верувам во оваа песна и мислам дека го имаме хитот на летото, рекла Ангелина.
А дали е така слушнете:
