12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ВО БУГАРИЈА ГОЛЕМА ПОЛИТИЧКА КРИЗА: Стефан Јанев не ни помислува да остане премиер на Бугарија

Идејата привремената влада на Бугарија да стане редовна е егзотична. Така го коментираше предлогот на политичката партија „Исправи се! Мафијата надвор! техничкиот премиер Стефан Јанев.

Како „многу далечна и скоро невозможна хипотеза“, тој ја дефинираше идејата да биде редовен премиер.

– Нема таков предлог, затоа нема што да се разговара и коментира – изјави Јанев.

– Мора да бидеме трпеливи и смирени и да ги оставиме партиите да ја завршат својата работа – додаде тој.

Според него, избраните партии добро ја знаат својата одговорност.

– Тоа треба да помине преку гласање во парламентот. Пред тоа, претпоставувам дека треба да поминеме низ многу сериозни преговори, кои ќе бидат првенствено преговори за коалиција што ќе предложи нешто такво – рече Јанев.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести