Телата на двајца мажи биле пронајдени во хотел во Флорида, кој претходно бил вила на модниот дизајнер Џани Версаче.
Собарка ги пронашла телата, а полицијата во Мајами Бич започнала истрага.
Причината за смртта и идентитетот на жртвите не се откриени.
Денес се одбележуваат 24 години од убиството на модниот дизајнер Џани Версаче, кој беше убиен пред прагот од куќата од серискиот убиец Ендру Кунанан.
Вила Каза Касуарина, каде беа пронајдени телата на мажите, е изградена во 1930 година, а Версаче ја купил во 1992 година. Од 2015 година, таа работи како хотел.
Џани обично испраќал асистент по кафе наутро, но од засега непознати причини, на 15 јули 1997 година, тој заминал сам. Девојчето кое му послужило кафе подоцна изјави дека Џани изгледал „сомнителен“.

Одеше напред и назад пред да влезе во кафулето да земе кафе, како да знаеше дека некој го следи. Зеде весник и побрза кон својата вила. Убиен е на скалите од куќата каде што живееше истиот ден.
Точните детали за убиството на Џани Версаче не се познати.
Некои сведоци тврдат дека Версаче ја отворал капијата кога од зад грб му пришол еден млад дваесетгодишник и го застрелал двапати во главата. Друг сведок тврди дека имало тепачка, дека се чинело дека креаторот и напаѓачот се познаваат и дека се бореле околу торбата кога пукал пиштолот.
Двете приказни завршуваат на ист начин: Џaни Версаче, основач на еден од најпознатите брендови во светот, лежел умирајќи на скалите на неговата вила во медитерански стил, вреден неколку милиони долари.
