10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

СЛАВНИОТ БЕР ГРИЛС УСПЕШНО “ПРЕЖИВЕА” ВО СРБИЈА

Познатиот авантурист Бер Грилс, како што е познато, ја посети Србија за потребите на неговата емисија за преживување. Грилс во Србија беше пет дена, а вршителот на должноста директор на ЈП Стара планина, Горан Караџиќ, како гостин во утринската програма на РТС, ги откри деталите за престојот на Грилс.

Тој објасни дека Грилс бил на тешко достапни локации за време на снимањето, како и дека користел хеликоптер.

– Беше воодушевен од она што го јадеше, а ние јадеме добро на Стара Планина. Му се допадна пегланиот колбас – рече Караџиќ.

Бер Грилс јадел и црви за време на неговиот престој во Србија.

– Мислам дека ќе видиме малку поекстремни работи во видеото, Миџор е специфичен затоа што е карпа кон Бугарија, и сите тие водопади и бунари … тој јадеше црви … едвај чекам да го видам тоа – рече тој

Грилс ја напушти локацијата, а тимот остана на Стара Планина со цел да ги заврши преостанатите обврски и да го подготви најдобриот можен материјал за идната сезона на популарниот авантурист.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести