По апелот на претседателот, околу еден милион Французи не сакаат да ризикуваат да не одат на одмор ова лето или да останат без работа.
Речиси еден милион луѓе во Франција закажаа термин за вакцинација за еден ден, откако францускиот претседател Емануел Макрон го зголеми притисокот врз сите граѓани да се вакцинираат доколку сакаат да ја спасат сезоната на летни одмори и да ја спасат француската економија. Апликацијата, која го претставува централниот систем за вакцинација против ковиди 19 во Франција, Доктолиб, објави денес дека 926 000 луѓе закажале состанок во понеделникот, што е дневен рекорд откако земјата започна со вакцинирање на населението од Корона вирус во декември 2020 година Луѓето помлади од 35 години сочинуваа 65 проценти од ново закажаните термини.
