6.8 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

Нови ковид ограничувања во Грција

Сите идни мерки за спречување на ширење на коринавирус ќе се применуваат само на лица кои не биле вакцинирани, изјави министерот за развој и инвестиции на Грција, Адонис Ѓеогиадис, во интервју за телевизијата „Скај“. Тој напоменува дека сите места за забава ќе бидат отворени на 15 јули, „што и да се случи“.
„Никој нема право да воведува ограничувања на лице кое не е во опасност да заврши на интензивна нега“, додаде Ѓеогиадис, пренесува АНА.

Во текот на следната недела ќе се одржи дискусија на тема дали може да се продолжи со спроведувањето на мерките на локациите „без кровид“ и „мешани“ локации, што владата ги објави пред две недели, рече Ѓеогиадис.

Тој објаснува дека ситуацијата сега е сосема поинаква и дека поради брзото ширење на делта варијантата, бројот на случаи се зголемува дневно од 500 на скоро 3.000.

Во таква ситуација, рече тој, може да се донесе одлука да се дозволи само вакцинирани граѓани и оние кои се излечиле од ковид 19 да одат во местата за забава „без ковид“.

Тој, сепак, истакна дека сите места за забава ќе бидат отворени на 15 јули „што и да се случи“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести